Wednesday , July 28 2021

Reagon Stevçja: Nuk jam antishqiptar, Musa ishte mysafir në iftarin e komunës

Pas publikimit të lajmit në disa media, ku shfaqeshin përfeç tjerëve, kryetari i “GROM”-it Stevço Jakimovski dhe ish zv.kryeministri Musa Xhaferi bashkë, ku me të drejtë tek shqiptarët u paraqit frika çka mund të fshihej pas këtij takimi duke pasur parasysh të kaliarën, ka reaguar Stevço Jakimovski, raporton Fakte. Ai përveç tjerash mohon të ketë qëndrime antishqiptare, përkundrazi paraqitet si person tejet tolerant ndaj shqiptarëve. Ndër të tjerat ai përmend edhe ata pak shqiptarë që jetojnë në komunën “e tij”, që sipas tij jetojnë në shtëpi të palegalizuara dhe Stevço nuk po ua rrënon ato. Ai shprehet edhe për darkën e përbashkët me Musa Xhaferin, për të cilin thotë se ka qenë vetëm njëri nga 250 qytetarët që iu kanë bashkangjitur iftarit të shtruar nga komuna Karposh dhe nga kryetari i saj.

Për hirë të korrektësisë, ua transmetojmë reagimin të plotë, pa ndërhyrje dhe në gjuhë maqedonase:

” Непријатно сум изненаден од грубите невистини и клевети во Вашиот текст „Муса Џафери вечера со Јакимовски, буди сомнеж во јавноста“. Притоа сакам да нагласам дека, колку што сме ние политичарите одговорни за соживотот во државата и за смирување на етничките тензии, исто толку одговорност носите и вие, медиумите.
​По ред, таксативно ќе ги наведам сите невистини кои вие ги изнесовте:

1. Со Муса Џафери не сум бил на ручек, туку на вечера-ифтар заедно со граѓаните на Нерези (Општина Карпош), организирана од мене како градоначалник која традиционално, секоја година ја одржуваме. На вечерата беа 250 граѓани меѓу кои у Муса Џафери.
Имам прашање до вас: Колку градоначалници го прават истото што и јас?
2. Во партијата ГРОМ имаме членови Албанци, и, ако не сте знаеле, потпретседател на партијата е жена Албанка, г-ѓа Мавие Мехмети.
3. Ние како Општина бевме против доделувањето било кому на поранешната американска амбасада, а не против Институтот за духовно и културно наследство на Албанците. Зошто? Затоа што објектот е поранешна детска градинка и по закон детските градинки припаѓаат на локалната самоуправа.
4. Лажете дека сум рекол дека ќе се албанизира мојата општина!
5. Велите дека сум бил против изградба на џамија и минаре во Нерези. За тоа најдобро ви е да одите и да го прашате Џамијскиот одбор. Единствено легална џамија во неалбански општини во Република Македонија е токму џамијата во Нерези, која е легализирана со одлука на Совет.
Уште во 2000-та година, кога се градеше џамијата во Горно Нерези, јас присуствував на поставувањето на камен темелникот и донирав лични средства во износ од тогашни 500 марки.
6. Во Општина Карпош, во населеното место Нерези, Албанците живеат претежно во дивоградби. Ве молам наведете ми еден пример на албанска куаќа која е урната од Општина Карпош.
7. Во Општина Карпош има 2,3% Албанци, а во општинската администрација има вработено повеќе од 30 граѓани од албанска националност. Ве молам наведете ми која друга неалбанска општина во државата има вработено толку Албанци?
Нема куќа до која не е донесен асфалт, водовод и канализација. Дури направивме пат и до гробиштата, што значи дека ги почитуваме и мртвите Албанци.
8. Велите дека неодамна сум изјавил дека група од 40 вооружени лица поврзани со криминални групи влегле во Македонија со цел да ги нападнат институциите во државата.
Оваа реченица е единствената од вашиот напис која е точна. Да, така реков, и тоа не еднаш, туку повеќе пати. Ако вас ви е мило да ве лаже Оливер Спасовски дека бркал мигранти, а не криминалци дојдени од Косово, тоа е ваш проблем. Ние ја претпочитаме вистината, а мојата изјава ја потврди и претесдателот на државата Ѓорги Иванов во своето обраќање до граѓаните и затоа ви предлагам ова прашање да му го поставите на претседателот Иванов.
Толку за мојата албанофобија. Мојата совест е чиста како солза, а во мојата душа нема ни трошка национализам. Добро би било да си ја проверите и вашата совест и вашата душа.”- shkruan Stevço Jakimovski.

Edhepse Jakimovski lavdërohet se ka mbi 30 shqiptarë të punësuar në administratën e komunës, e pyesim pse nuk e përktheu reagimin e tij në gjuhën shqipe?/FAKTE.Net

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *